Трикови што го држат стресот под контрола

Од:

Авторката на книгата „Пет минути до ослободување од стресот“ Лорен Милер, советува дека во надминување на стресните ситуации клучно е да се промени перцепцијата на стресот, а настаните што ве вознемируваат да се трансформираат. Таа препорачува неколку трикови како да го држите стресот под контрола.

1. Бидете внимателни во „етикетирање“ на настаните

Животот постојано „се случува“ и ја задржува својата објективност се додека не почнете да размислувате за него. Начинот на кој го означуваме некој настан, било да е радосен, позитивен или болен, одредува како нашето тело ќе реагира на него. Мозокот му зборува на телото како да реагира на случувањата.

Пред да просудите за некоја ситуација и да ја ставите во одредена категорија, добро размислете. Вашиот избор е дали некое искуство за вас ќе стане корисно, што ќе ве научи со новите работи или пак болно, па ќе предизвика негативни чувства.

2. Бришете ги негативните мисли

Како што текстот на екранот на компјутерот, ќе го избришете со притискањето на копчето „делит“, така можете да ги елиминирате и мислите кои ве вознемируваат. Добро е зборот „избриши“ да го изговорите на глас, така што на негативните мисли ќе им ја одземете моќта да ја дефинираат вашата стварност.

3. Употребете ја фантазијата

Ако не можете да се изборите со негативното расположение, фантазирајте. Мислете на моментите кога сте биле среќни. Милер истакнува дека оваа техника „вреди злато“.

Фантазијата може да го промени нашиот став и перцепцијата.

– Нашиот свесен ум не познава разлика меѓу фантазијата и реалноста. Значи, ако се присетиме на некое мирно искуство, и ние ќе почнеме да се чувствуваме смирено, вели Милер.

4. Набљудувајте го својот живот како филм

Вашиот живот е филм, а вие сте режисер, затоа одлучете кои настани се најнеповолни за вас и направете „рез“. Бидете набљудувач на настаните.

Замислете сцена која ви предизвикала стрес, а потоа и вашата реакција на него. Постојат многу работи што можете да ги промените, од причините до последиците на стресот.

Кога проблемот ќе го набљудувате од овој агол, ќе видите колку работи во животот се под ваша контрола.

5. Имајте ги на ум најголемите вредности

Направете листа на работи кои ви се најважни во животот. Погледот на нив ќе го промени вашиот агол на гледање на животот. Стресот често предизвикува заборавање на разликите меѓу битното и небитното.

6. Соочете се со минливоста во животот

Кога ќе се појават стресни ситуации, запрашајте се: „Дали сакам да се грижам за ова до смртта?“ Можеби звучи малку екстремно, но кога ќе ја сфатите минливоста на животот, ќе увидите дека вашето време и грижа ги заслужуваат суштинските работи.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ