Парохот од Будва, Борис Радовиќ синоќа го осветувал платото пред Стариот град каде претходно се собраа припадниците на ЛГБТ заедниците и од кадешто тргнаа на првата Парада на гордоста во Будва, Црна Гора.
Радовиќ го осветил платото на иницијатива на сопствениците на локалите и угостителите од Стариот град.
По обредот, Радовиќ изјави дека тоа што се случило во Будва не било Парада на гордоста, туку парада на срамот и ужасот.
„Најстрого ја осудувам парадата на срамот и болеста, молејќи се на Бога од Будва и Црна Горда да ги растера сите болести и сите ѓаволски напади”, наведе Радовиќ.
Според него, граѓаните на Будва покажале дека знаат да ги чуваат своите домови и семејства.
„Ги бранеа своите деца од хомосексуализам што го промовираа непријателите како нешто со што треба да се гордеат, а не како нешто со што треба да се срами секој човек”, рече Радовиќ.