Федералниот суд донесе одлука дека жалбата на адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ по одлуката на министерот да му биде укината визата е отфрлена. Со ова Ѓоковиќ нема право да остана во Австралија, ќе мора да ја напушти земјата и нема да настапува на Австралија Опен.
Тројцата судии едногласно ја донеле одлуката. Ѓоковиќ ќе треба да ги плати и трошоците за судењето.
Судот ги повика адвокатите во следните триесетина минути да го известат за следните активности и околу тоа дали ќе има нови поднесоци.
Речиси веднаш по објавувањето на одлуката, стигнаа и најави дека Ѓоковиќ за неколку часа ќе тргна за Србија.