На секого кога некогаш му било скршено срцето ќе се сложи со констатацијата дека „љубовта боли“. А сега ова го потврдила и новата студија која открила дека хормонот одговорен за чувството на љубов исто така го зголемува и чувствувањето на нервоза и страв.
Окситоцинот создава чувство на романтична поврзаност и е познат под прекарот „љубовен хормон“, а сега е откриено дека тој е заслужен и за долготрајната болка која ја чувствуваме по раскинувањето.
Истражувањето покажало дека едната функција на хормонот е да ја јакне социјалната меморија во посебен дел во мозокот, а доколку тоа искуство е болно и вознемирувачко, окситоцинот ќе го активира делот од мозокот кој ја интензивира меморијата.
Истиот хормон кој ни ја дава радоста на љубовта стои и зад нашите најнепријатни мисли и прави тие да не избледеат така лесно.
Окситоцинот исто така ја засилува нашата подложеност на страв и нервоза кога ќе се најдеме во стресна ситуација и може да ги интензивира нервозата и стравот како одговор на идниот стрес.
Сега изгледа дека како љубовта, окситоцинот може да ни пружи екстремно задоволство, но и екстремна тага кога емоциите се во прашање.
И додека стои зад најдобрите делови на врската, многу е веројатно дека исто така се наоѓа зад оние ужасните чувства на тага и на „скршено срце“.