Над 250 килограми албанска марихуана, во Отрантскиот канал, заплениле италијанските поморски патроли во текот на ноќта и уапсиле двајца албански државјани, жители на Драч, на возраст од 25 и 32 години. Запленет е и моторниот чамец во должина од шест метри, со кој била транспортирана дрогата.
Како што пренесува онлајн изданието на тиранскиот венсик „Шекули“ италициски авион при вообичаена конрола на Отрантскиот канал нешто пред полноќ, го забележал чамецот како се движи во правец на италијанскиот брег со изгаснати светла.
Веднаш потоа во неговото следење бил вклученни и хеликоптер се до впловување на чамецот во италијанските територијални води, кога во акцијата се вклучил и патролен брод на „Гуарда ди финанца“, кој на радар го следел движењето на моторниот чамец.
Двајцата албански државјани, кога сфатиле дека се откриени се обиделе да го потопат чамецот.
Акцијата се одвивала на 35 милји оддалеченост од италијанскиот пристанишен град Бриднизи.
На пазарот запленетата дрога достигнува вредност од околу два милиони евра.
Од почетокот на годинава само италијанските поморски полициски патроли „Гуарда ди финанца“ имаат запленето околу пет тони мархуана од Албанија.