Почнува Гевгелиското културно лето

Од:

Со музичко-ликовен перформанс вечерва во центарот на Гевгелија ќе почне Гевгелиското културно лето 2013.

Концерт под наслов „Бојата на звукот“ ќе одржи Кристина Арнаудова, а уметничката Цветанка Јованова инспирирана од песните на Арнаудова ќе слика на сцената.

За време на концертот Арнаудова ќе се претстави со своите најголеми хитови, а ќе изведе и македонски евергрини.

Годинашново „Гевгелиско културно лето“, кое ќе трае до крајот на август, ќе изобилува со изложби на слики и графики, концерти и театарски претстави, а ќе се одржи и традиционалната „Смоквијада“. Главен белег ќе му даде јубилејниот петти мултимедијален фестивал „БОШ“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање