Заврши сослушувањето пред судијата Ентони Кели кој во првото рочиште ја поништи одлуката за укинување на австралиската виза на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Федералниот суд в недела ќе одлучува дали најдобриот тенисер во светот ќе игра на Австралија опен.
Oh wow.
The #AusOpen announces that Novak Djokovic, who got a decisive hearing on Sunday, will need to play his first round on Monday if he wins another legal battle and is allowed to play the tournament. https://t.co/lLLLAB1iZM
— José Morgado (@josemorgado) January 14, 2022
Српскиот тенисер ќе биде слободен до петок вечер, односно осум часот наутро, сабота според локално време, кога ќе даде исказ пред граничните власти.
Два часа подоцна ќе оди во притвор, не во хотел Парк, туку на друга локација на барање на неговите адвокати.