Голем хакерски напад во Украина: „Плашете се и очекувајте го најлошото“

Од:

Утринава е извршен голем хакерски напад на веб-страниците на неколку украински министерства, јавуваат агенциите.

Срушени се веб-страните на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната служба за итни случаи.

Некои од страниците се недостапни, а на веб-страната на Министерството за надворешни работи се појави текст на руски, полски и украински јазик.

„Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“, стои во пораката над која е пречкртано украинското знаме.

Нападот се случи во време на голема тензија меѓу Русија и Западот околу Украина. Поради евентуална руска инвазија на Украина, беа одржани неколку рунди преговори со цел да се смират тензиите, но безуспешно.

Русија има акумулирано околу 100.000 војници долж границата со Украина.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

Путин призна дека Русија повеќе пати напаѓа цивилни цели во Украина