СДСМ бара да се раскине договорот за „Џумајлија“

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да го раскине Договорот со фирмата на Субрата Рој и земјиштето од „Џумајлија“ да и се врати на државата, бара СДСМ.

– На вчерашната собраниска комисија за земјоделство се докажа нашето сомневање дека се работи за нереална и сомнителна инвестиција која, стравуваме, ќе заврши како случајот „Сведмилк“. По тричасовна дебата останавме без одговор од Владата како Субрата Рој доби 5.353 хектари земја во Овчеполието за концесија од 120 денари за декар, наведува СДСМ во денешното соопштение.

Партијата прашува која е личноста на чие име гласи фирмата и каква врска има со Субрата Рој, со која економска логика некој вложува 200 милиони евра во земјоделско производство и очекува дека за 15 години ќе му се исплати инвестицијата и како е можно од 7 фирми кои учествувале на јавното наддавање земјиштетото да го добие Субрата Рој со само 1.000 евра повисока цена од почетната.

СДСМ останува на ставот дека е нерално реализирањето на најавите, градење фарми за 20.000 крави, производство на 75.000 тони добиточна храна, вработување 2.000 лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар