На културната манифестација Галичка свадба, што денеска ќе се одржи во Галичник, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Претседателот е покровител на 50. јубилејна Галичка свадба.
Оваа манифестација е заштитена од УНЕСКО.
На годинашната Галичка свадба својата шестгодишна љубов ќе ја крунисаат 27-годишната Даница Тортеска и 29-годишниот Трајче Лозаноски.