Новак Ѓоковиќ продолжува да добива поддршка од сите делови на светот во борбата со австралиските власти.
Силна порака беше испратена и од Република Српска, поточно од Бања Лука, каде вечерва Бански двор е во знакот на најдобриот светски тенисер.
За пораката се погрижи градоначалникот Драшко Станивуковиќ.
– Бања Лука и Република Српска се со нашиот Новак. Целосна поддршка за нашиот Новак Ѓоковиќ, почесен граѓанин на нашиот град, кој верувам дека по новите победи ќе дојде во Бања Лука за да ја преземе повелбата која граѓаните на Бања Лука му ја доделија пред неколку години. Новаче, брате, само напред – напиша Станивуковиќ.