Владата на Австралија: Без огледа дали Ѓоковиќ ќе победи на суд, ние сепак можеме да го приведеме

Од:

Сослушувањето на Новак Ѓоковиќ треба да започне точно на полноќ по наше време пред судот во Мелбурн, кога треба да се одлучи дали српскиот тенисрр ќе може да игра на Австралија опен или не.

Ѓоковиќ поднесе жалба на одлуката на Владата на Австралија да го депортира од земјата, а австралиската влада објави одговор на 13 страници и ова се двете најважни точки.

„Не постои јасно правило ниту сигурност дека странец може да влезе во Австралија. Постојат критериуми според кои ние го одобруваме и имаме свои причини за одбивање виза. Никој не му дал сигурност на лицето дека неговото медицинско ослободување ќе биде прифатено“, се наведува во одговорот.

„Доколку судот одлучи да го ослободи обвинетиот од карантин, ние сепак можеме да го приведеме, без оглед на одлуката на судот. Одлуката на судот да го ослободи не гарантира дека властите на Комонвелтот нема повторно да го приведат“, се наведува во ставката.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога