Новак Ѓоковиќ бил заразен со коронавирус на 16 декември 2021 година, како што наведуваат неговите адвокати во документите што ги доставиле до судот, врз основа на што добил медицинско ослободување од вакцина против ковид за влез во Австралија.
? @DjokerNole and the MVP of the night pic.twitter.com/aiNT9s5ICY
— Barça Basket (@FCBbasket) December 14, 2021
Веста ја откри Би-Би-Си, а според српските медиуми, токму периодот кога тенисерот се заразил со корона, бил во Белград и водел доста активен социјален живот.
Само два дена пред споменатиот 16 декември, на 14-ти, Новак Ѓоковиќ во друштво на Васек Поспишил го следел евролигашкиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Барселона.
Големи се шансите најдобриот тенисер на светот да се заразил во салата „Александар Николиќ“, особено затоа што имал близок контакт со многу луѓе, како и со Најџел Хејс-Дејвис, кој следниот ден бил позитиве на ковид и прескокнал двојно коло од Евролигата, објавуваат српските медиуми.