Вината е кај организаторот на турнирот, се појави документот кој го предизвика хаосот со Ѓоковиќ

Од:

Новак Ѓоковиќ е во очекување на конечната одлука околу влезот во Австралија и настапот на првиот годинашен тениски грен-слем. Визата за престој во државата му беше укината и тој веќе два дена е во хотел за мигранти и азиланти. Според документ кој се појави во јавноста, хаосот кој настанал е вина на Тенсиката федерација на Австралија.

Во документот кој на 7 декември бил доставен до тенисерите пишувало дека секој кој го прележал вирусот во последните шест месеци, односно 31 јули 2021 година може да добие дозвола за настап на турнирот, но тоа било погрешно.

Организаторите на Австралија опен уште во ноември биле известени дека прележувањето на вирусот во последните шест месеци не е доволен доказ за медицинско изземање, но тенисерите не биле информирани за ова.

Во документот била препорачна вакцинација, но не била и задолжителна, па поради лоша реакција од Тениската федерација на Австралија се создаде целиот хаос и сега се очекува конечната одлука во понеделник за тоа дали Србинот ќе остане или ќе биде депортиран од Австралија.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха