Новак Ѓоковиќ останува во Австралија до понеделник за кога е најавена конечната одлука околу неговиот влез во земјата и настапот на тенискиот турнир Австралија Опен. Додека ја чека одлуката тој е сместен во хотел за кој медиумите тврдат дека е престојувалиште за бегалци и азиланти.
На снимка објавена на социјалните мрежа се гледа Ѓоковиќ кој од хотелот ги поздравува Србите кои се собрани пред објектот за да му дадат поддршка.
يا عمري يوزع بوسات ?❤️ pic.twitter.com/ubEREAafIX
— w’nole 20GS (@__wa8) January 6, 2022
Утрово повторно за случајот Ѓоковиќ се огласи и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој вели дека против Новак се прави хајка.
„Направивме се што можевме за него. Утрово повторно разговарав во него. Премиерката Брнабиќ замоли одлуката да биде донесена пред понеделник за тој да не мора да престојува во „озлогласениот“ хотел. Направивме се што бараше Ѓоковиќ. Не е фер затоа што против него се води хајка од австралискиот премиер па до сите останати. Глумат дека правилата важат за сите, а повеќемина беа пуштени на ист начин како што сакаше да влезе Новак. Се плашам дека ова изживување ќе продолжи. Кога некого не можете да победите се занимавата со вакви работи“ – изјави Вучиќ.
Според последната одлука на судот во Мелбурн, депортацијата на Ѓоковиќ е одложена се до носењето конечна одлука.