Предизборна кампања за локалните власти на американската метропола Њујорк доби нов пресврт. Водечкиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Ентони Винер од Демократската партија е соочен со нови обвинувања за испраќање на сексуални пораки на малолетни девојки, но одби да поднесе оставка.
Во 2011 Винер беше принуден да поднесе оставка како конгресмен на Демократската партија од Њујорк, откако по грешка, сакајќи преку социјалната мрежа Твитер да испрати фотографија од неговиот пенис на девојка со која се допишувал, фотографијата ја направи достапна за целата јавност.
На почетокот на годинава Винер најави дека смета оти скандалот е оставен зад него, и дека во ноември ќе се кандидира да го замени Мајкл Блумберг на местото градоначалник на Њујорк.
Винер е протеже на сенаторот Чарлс Шумер, а чија сопруга Хума Абедин е лична секретарка на Хилари Клинтон која служеше како сенатор од Њујорк.
Под псевдонимот „Карлос Денџр (опасност)“ Винер и 22-годишната девојка разменувале експлицитни пораки и фотографии, договарале таа да земе стан во кој би се среќавале, а Винер дури и ветувал дека ќе и најде работа како новинарка во интернет сајтот Политико.
И покрај новиот развој на скандалот, Винер и неговата сопруга Хума Абедин вчера излегоа на прес конференција и најавија дека нивната изборна кампања продолжува.