По повеќечасовната драма на аеродромот во Мелбурн, властите на австралиската држава Викторија решија да не му дозволат влез во земјата на тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ кој треба да ја брани титулата на првиот годинашен тениски грен-слем Австралија Опен. Со оглед на одлуката се чека српскиот ас да биде испратен надвор од Австрлија.
Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ поднесе жалба и поради тоа тој ќе биде сослушан во Федерален суд во 8 часот по средноевропско време.
Во меѓувреме дел од српската заедница која е бројна во Мелбурн излезе на улица и пред хотелот во кој е сместен Ѓоковиќ во знак на протест за одлуката на властите.
Djokovic supporters are now dancing outside the Park Hotel. pic.twitter.com/lfsR40DeFC
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022
На Новак Ѓоковиќ кој доби право на настап и Австралија опен и без вакцина против Ковид-19 поради медицински причини, сепак вчера не му беше дозволен влез откако граничните власти на аеродромот констатираа дека неговиот тим аплицирал за погрешна виза, а потоа по неколку часовното испрашување беше соопштено дека тој не приложил доволно докази за медицински исклучок.
Според австралиските власти прележувањето на вирусот во последните шест месеци не аргумент за да не се прими вакцината против ковид.