Тудор: Хоризонт е добра екипа, но ние сме подобри

Од:

Во пресрет на утрешниот реванш натпревар од 2. квалификациско коло за Лига Европа, меѓу македонскиот претсавник Хоризонт Турново и хрватскиот Хајдук, тренерот на сплитскиот клуб Игор Тудор, цени дека неговата екипа е фаворит за пласман во следната рунда.

Гостите од Сплит попладнево го одржаа и единтвениот тренинг, пред кој, на средбата со новинарите тренерот на Хајдук, Тудор со голема доза на увереност говореше дека неговиот клуб не размислува за елиминација.

– Лично не можам да влијаам на резултатот, но можам на моите играчи, на кои постојано им соведувам дека мора максимално да ги одиграат возвратните 90 минути доколку сакаат да ја минат екипата на Хоризонт Турново, изјави Тудор.

Стратегот на Хајдук, не пропушти да упати и пофални зборови за Хоризонт, за кој смета дека има квалитетен тим, кој сепак игра премногу затворен фудбал, па од таму неговите избраници на дуелот на „Пољуд’’ не можеле докрај да ги искажат своите квалитетит.

Тудор смета но, и се надева дека утре Хоризонт ќе игра понапаѓачки и поотворен фудбал, што ќе биде шанса повеќе за неговиот тим да го загрози голот на противникот. Победата од 2:1 не гарантира мирен реванш, бидејќи само еден гол во мрежата на сплитските „бјели„ многу ќе ја промени ситуацијата.

– Јас никогаш не реков дека Хоризонт ќе го победиме со поголема разлика, ниту, некој од моите играчи има искажано такво нешто. Тоа се изјави и видувања на некои „стручњаци“ кои седат на трибините и мислат дека многу го познаваат фудбалот. Хоризонт е квалитетна екипа, но ние сме подобри, додаде Тудор.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ