По целовечерна драма во траење од осум часа, на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, му било кажано дека неговата виза е одбиена и побарано е да ја напушти Австралија. Со тоа ќе се исполни најавата на австралискиот премиер дека ќе го врати назад со првиот авион.
Breaking: Novak Djokovic's visa has been cancelled. He's been told to leave the country today, two sources confirmed to @theage. His Lawyers are in the process of appealing. He's not demonstrated to Border Force sufficient evidence for his exemption https://t.co/TM5BF0Gu80
— Paul Sakkal (@paulsakkal) January 5, 2022
Локален новинар кој ја следи ситуацијата наведува дека оваа информација му ја потврдиле два извори.
Се додава дека адвокатите на Новак влегле во процес на жалба на оваа одлука на австралиските власти.
Ѓоковиќ наводно не покажал доволно „докази“ за неговото медицинско ослободување од вакцинација.
Тој со часови беше изолиран на аеродромот, каде му беше одземен мобилниот телефон и го чуваше полиција.