Руската миграциска служба одбри влез на поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден, кој еден месец помина во транзитна зона на московскиот аеродром.
Сноуден минатата недела поднесе барање за азил во Русија, а неговиот адвокат вчера најави дека американскиот известувач би можел да се пресели во Русија, доколку барањето за азил му биде одобрено.
Според пишувањата на медиуми Сноуден во наредните часови може да го напушти аеродромот, бидејќи неговиот адвокат, Анатолиј Кучерена веќе му ги врачил документите.
Поранешниот службеник на американската известувачка агенција на московскиот аеродром во Шереметјево пристина на 23-ти јуни од Хонгконг, бидејќи обелодени американски известувачки тајни.
Елена Георгиевска