Најмалку 11 загинати во поплавите во северозападниот дел на Кина

Од:

Најмалку 11 лица загинаа во обилните дождови и поплавите во покраината Санси во северозападниот дел во Кина.

Локалните власти соопштија дека од дождот се погодени околу 569.000 луѓе, додека материјалната штета се проценува на најмалку 1,75 милијарди јуани (околу 285,5 милиони американски долари).

Според последните податоци, обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето во одделни подрачја, каде се урнати 939 куќи, додека околу илјада се значително оштетени.

Во обилните дождови и поплавите од почетокот на годината во Кина загинаа 337 луѓе. Кинеската управа за превенција од поплави и суши соопшти дека големото невреме и снегот на почетокот на јули негативно влијае на 27 милиони луѓе во 26 кинески покраини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот