Калед ел Масри, не се појави на јавната расправа во Судот во Стразбур.Германскиот државјанин ја тужи Република Македонија дека таа е директно одговорна за времето кое тој го помина лишен од слобода и дека е прекшршен членот од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување.
На расправата не се појави ниту неговиот сведок, како што се највуваше, висок владин функционер кој сведочел во негова полза во март 2010.
Македонскиот владин тим кој ја застапува република Македонија во предметот против Масри, побара да биде изземена изјавата на овој сведок, за кој се вели дека е висок државен функционер, без притоа да се обелодени неговиот идентитет. Адвокатите на Ел Масри, побараа идентитетот на сведокот да не се објавува, бидејчи станувало збор за висок поранешен владин функционер и не треба да се врши притисок врз него.
За Република Македонија, тужбата е неоснована. Одлуката на судиите ќе биде позната за неколку месеци, а за овој случај , Република Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и од Европскиот парламент.