Се е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

Од:

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, со симболично сечење на бадникови гранчиња денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022 година.

На прославата која по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, симболичното сечење на бадниковото гранче први го направија годинашните кумови и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин. Присуствуваа и минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари.

– На денешниот ден продолжува една традиција каде што би требало да си посакаме добро здравје, долговечност, и исто така многу среќа и подобар живот за сите нас. Верувам дека со продолжуваето на оваа традиција ќе овозможиме да ги поминеме овие празници во духот на долговечноста на доброто здравје, порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Годинашните кумови Драган Спасов Дац и Александар Митевски ги споделија желбите за здравје, среќа и долговечност.

– Да бидеме живи, здрави, весели и среќни. Да живееме убаво, да ни се случува само она што го посакуваме, изјави Спасов Дац.

Митевски, пак, посочи дека уште кога го прифатиле кумството си дале ветување дека ќе го дадат најдоброто од себе.

– Ветивме дека ќе дадеме максимум од себе целата година да ја направиме позитивна, не само 6 јануари што не очекува пред Соборниот храм, додаде Митевски.

По сечењето на бадниковите гранчиња следеше дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент на отворено на падините на Водно.

Според организаторите на манифестацијата, се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, наведуваат од Граѓанското здружение.

Бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално ги набраа денеска на падините на Водно, заедно со нафора, ракија и чај, свештениците од Соборниот храм на ден Бадник ќе ги осветат, а потоа ќе им се делат бесплатно на присутните верници.

На почетокот на оваа година поради пандемијата со Ковид-19 традиционалното бадникување се одржа со почитување на тогаш важечките протоколи и заштитини мерки од корона вирусот, поради што изостана масовноста на настанот.

Бадниковото гранче го симболизира здравјето, среќата и славењето на животот. Со него традиционално се украсуваат домовите во пресрет на Божик – раѓањето Христово.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар