Најмалку четири лица загинаа во ракетен напад на Хутите во јеменската провинција Мариб. Според претставник на локалните власти, проектил погодил пазар во областа Ал Џуба во јужниот дел на провинцијата Мариб.
Уште шест лица се тешко повредени, меѓу кои и деца.
Хутите поддржани од Иран почнаа офанзива во февруари за да ја вратат контролата врз провинцијата Мариб богата со нафта.