Куновска: Кои јавни претпријатија и министерства не плаќаат вода

Од:

МРТВ, Министерството за одбрана, Министерството за Внатрешни работи, ЈСП, Државниот студентски центар и други – најголеми должници на ЈП Водовод, соопшти координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Софија Куновска.

„Денес на иницијатива на советничката група на СДСМ и Сојузот за иднината на дневен ред на Советоит на Град Скопје е информацијата, како што неодамна во својата изјава истакна директорот на „ЈП Водовод“ алармантната финансиска состојба во ова претпријатие“, изјави денеска пред новинарите Софија Куновска.

Таа истакна дека информацијата до членовите на советот ја достави градоначалникот Коце Трајановски кој тврди дека „воопшто не станува збор за алармантна состојба и финансиска нестабилност“.

Куновска потсети:

– Водовод има наплата од околу 40% од водата која влегува во системот
– Фирмата „Алпине Бау“ која е избрана за извршување на градежните работи на новата зграда на водовод неодамна банкротираше.

Денес пред нас го имаме списокот на најголеми должници, државни институции, од кој ќе се увериме дека тие не ги подмируваат сметките за вода.

Станува збор за:

– ЈУ од ОНЗ Ургентен центар – Скопје
– Државен студентски центар – Скопје
– ЈКП Зелениково – Скопје
– МРТВ – Скопје
– Министерство за одбрана на Р.М.
– ЈСП Скопје
– ЈЗО Психијатриска болница – Скопје
– Министерство за внатрешни работи на Р.М.

Нејасно е зошто ваквите ситуации ги толерира градоначалникот Коце Трајановски?

– Дали тоа е поради фактот што во моментот раководните позиции се раководени од кадри на коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, па градоначалникот Коце Трајановски ја толерира ваквата недоследност?

– Ако пак вината е во раководењето на водовод зошто градоначалникот Коце Трајановски не иницира смена на раководството?

– Во оваа информација исто така недостига објаснување што ќе се случува со зградата на водовод по банкротирањето на фирмата „Алпине Бау“ (изведувач на градежните работи на зградата на водовод) и дали се точни шпекулациите дека досегашната исплата кон „Алпине Бау“ не е врз основа на потпишани ситуации, туку дека се дадени средства како аванс и за кои се поставува прашање дали постои начин тие воопшто да бидат вратени, истакна Куновска денеска пред новинарите.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело