Менди обвинет за уште едно силување

Од:

Францускиот дефанзивец во редовите на премиерлигашот Манчестер сити, Бенџамин Менди (27) е обвинет за уште едно, вкупно седмо силување, јавија денеска светските агенции.

Менди, кој во 2018 година со француската репрезентација ја освои титулата светски првак, сега се товари за силување на седум жени, и за сексуален напад врз една жена.

Најновото седмо обвинение за силување францускиот фудбалер се товари дека го сторил во јули оваа година/. Претходните шест обвиненија се однесуваа на периодот од октомври 2020 до август 2021 година.

Менди, кој од средината на август е во истражен затвор, денеска беше изведен пред судија во судот во Честер. На сослушувањето пред судијата се појави уште еден маж, Луис Саха Матури, чиј врски со Менди сè уште не се докрај расчистени, а и тој е обвинет за шест силувања и сексуален напад врз жена во периодот од март до август 20221 година.

И двајцата во затворот во Ливерпул го чекаат судењето, кое требаше да почне на 24 јануари, но беше одложено на неодредено време.

Менди стана најскапиот дефанзивен фудбалер во историјата кога во 2017 година премина од Монако во Манчестер сити за 60 милиони евра.

Би можело да ве интересира

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче