Напаѓач со нож уби една жена и повреди три други лица во маркет на „Карфур“ во Пекинг, соопшти кинеската полиција.
Жената починакла во болница од здобиените повреди, а тројцата повредени поради исечениците се хоспитализирани.
Осомничениот напаѓач е стар 50 години и полицијата го соопшти само неговото презиме Ванг. Тој има историја на метални болести, а од септември минатата година до јануари бил на лекување во психијатриска клиника.