Најмалку 94 загинати во земјотресот во Кина

Од:

Најмалку 94 лица загинаа, a над 887 се повредени во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди провинцијата Гансу во северозападна Кина.

При потресот биле разурнати над 1.200 станбени објекти, а повеќе од 20.000 се оштетени. Спасувачките екипи се уште се во потрага по преживеани под урнатините.

Кинескиот Центар за следење на земјотреси соопшти дека епицентарот на потресот бил на 150 километри западно од местото Беидао, а веднаш по него се регистрирани уште 371 други, од кои најсилниот бил со интензитет од 5,6 степени.

Американскиот геофизички институт меѓутоа оопшти дека првиот земјотрес бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтер, на длабочина од десет километри под површината на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот