Бројот на загинати во денешниот земјотрес во северозападната провинција Гансу се искачи на 89 луѓе, а петмина се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.
Во земјотресот со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала повредени се 515 луѓе, од кои 60 се во тешка здраствена состојба.
По силниот земјотрес регистрирани се уште 422 потреси, од кои еден бил со интензитет од 5,6 степени.