Босна и Херцеговина се наоѓа во веројатно најтешката политичка криза по завршувањето на воените судири, а приближувањето кон ЕУ и НАТО е во застој,констатирано е на денешната средба меѓу претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, и амбасадорот на САД, Патрик Мун.
Мун, кого Комшиќ денеска го прими во проштална посета, истакна дека БиХ и натаму ја ужива поддршката на САД, особено во делот на процесот за приклучување кон НАТО и добивањето статус кандидат за Европската унија.
Комшиќ изрази загриженост за сегашната состојба во БиХ и очигледното запирање на сите процеси што се однесуваат на НАТО и ЕУ и истакна дека е крајно време да дојде до деблокада на овие процеси и одговорните да почнат да ја работат својата работа.
Во текот на средбата било кажано и дека треба да се решат многу отворени прашања, бидејќи е очигледно разочарувањето на граѓаните во политичките структури во БиХ.
Амбасадорот истакна дека во текот на мандатот во БиХ се обидел на најдобар начин да ги спои интересите на својата земја и очекувањат на граѓаните на БиХ и нагласи дека и неговиот наследник ќе продолжи со политиката што ќе ги уважува сите во БиХ, сооопшти Службата за односи со јавноста во Претседателството на БиХ.