Бектеши: Останувам на ставот дека струјата ќе поскапи до 10 отсто

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека останува на ставот дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.

-Јас останувам на тоа што сум го кажал и ќе чекаме до крајот на месецот да видиме каква ќе биде одлуката на РКЕ. Ние сме ги направиле сите анализи, и не само јас како министер за економија и другите институции биле вклучени – енергетските компании како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претсеадвање на земјата со ЦЕФТА.

Тој прециизра дека првично не кажал 10 проценти, туку, вели, најмногу до 10 проценти, а тоа може да биде и нула, и еден и два, па до 9,99 отсто.

Дополнително на тоа, за граѓаните, појасни дека веќе почнале да се изработуваат нови модели во делот на одредување на цена на електрична енергија со моделот на блок тарифи каде што, какошторече ќе ги поттикнеме граѓаните да заштедат електрична енергија.

-Тие што се најранливи можеби ќе имаат и намалување во делот на електричната енергија од јуни наредната година, а тие што прават потрошувачка над еден мегават и повеќе од еден мегават што е многу, и тие најверојатно се многу богати семејства што трошат толку многу електрична енергија, за нив ќе се зголеми дополнително цената. Ова го зборувам за јуни имајќи во предвид дека двапати годишно ние носиме одлуки за утврдување на цената на електрична енергија, вели Бектеши.

Тој посочи дека секои шест месеци Електродистрибуција, ЕВН Хоум, ЕСМ и МЕПСО доставуваат барања во делот на покривање на трошоци и во делот на маржите до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и согласно тие барања одлуката ја носи РКЕ каде што ги прифаќа трошоците кои се оправдани.

-Секако дека нивно право е тие не само 100 отсто може да бараат и 2000 отсто зголемување, но колку ќе се прифати тоа ќе видиме во наредниот период. Јас во однос на зголемување на цената на електрична енергија за првите шест месеци од 2022 година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал, повтори Бектеши.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите