Преновогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар, ќе се одржи денеска со почеток од 19 часот во МКЦ.
Како што информираат организаторите влезот е слободен, со претходно подигнување на бесплатен/протоколарен билет.
На концертот ќе биде изведена следната програма „Forever and ever – arr. Х. Еминовиќ
„Herb Alpert Golden Hits“ – arr. Steve McMillan, „What a wonderful World“ – arr. R. Stitzel
„Final count down“ – J.Tempest, „Money,Money“ – arr. Х. Еминовиќ, „Љуби ме и главата горе“ – arr. Х. Еминовиќ, „Sway“ – arr. M.Taylor & Х. Еминовиќ, „New York,New York“ – J.Kander, „G.Miller Parade“ – arr. Rudi Selfert Kresbornn, „Gipsy song“ – В.Стефановски – arr. Х. Еминовиќ, „Proud Mary“ – arr. Х. Еминовиќ, „Brazil Samba“ – arr. Х. Еминовиќ, Radetzky Marcsh – J.Strauss.
На иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар во март 2006 година се формираше Градски дувачки оркестар. Оркестарот од самиот почеток па се до денес има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката.. Во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за Музичка уметност.