Најмалку 47 лица загинаа при силен земјотрес во Кина

Од:

Најмалку 47 лица загинаа, а околу 300 се повредени во земјотресот што ја погоди северозападната кинеска провинција Гансу.

Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтер, на длабочина од десет километри, а според кинескиот сеизмолошки институт тој бил 6,6 степени.

Потресот се случил во близина на градот Дингси во провинцијата Гансу, кој е главно пустинска област со население од 26 милиони. Ова е една од слабо населените кинески провинции, но во реонот на Дингси има поголема концентрација на земјоделски стопанства и населени места со околу 2,7 милиони жители.

Локалните власти соопштија дека повеќето објекти во селото Минсјан, кое се наоѓа најблиску до епицентарот, се разурнати, а сериозно се погодени селата Мичуан и Пума. Во Минсјан загинале 19 лица.

Во спасувачките акции учествуваат и војската и полицијата.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија