Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд информира на социјалните мрежи дека утре се повлекува од улогата координатор на пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива.
-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците, се вели во објавата на Реџепи.
Тој потенцира дека неговите понатамошни дејствувања како пратеник на Алтернатива ќе бидат утврдени согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.