ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на власта ќе го плаќа народот преку поскапа струја

Од:

„Власта се подготвува за покачување на цената на струјата од над 20%, неизвесно кога ќе се активира и ТЕЦ Неготино. Според информациите кои излегоа во јавноста, а власта не ги демантираше изречно АД ЕЛЕМ побарало покачување на струјата од над 20%, а дополнително се чека и на МЕПСО“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Според едноставни пресметки во најдобар случај со оваа влада на чело на државата од јануари, граѓанин кој плаќал 3000 денари струја, ќе треба да плати минимум 3600 денари.

Само за струја ќе треба да се одвојува нешто повеќе од 1/5 од минималната плата.

Покачување од 20% или повеќе ќе биде тежок удар за народот.

Власта не направи ништо да го спречи струјниот ценовен шок. Власта не ја активираше навремено ТЕЦ Неготино, ниту пак ископа јаглен во РЕК Битола кога требаше са се копа, се потроши водата од хидроакумулациите и државата се остави без ресурси.

Во РЕК Битола не се копаше јаглен затоа што парите се трошеа на тендери за транспорт и други непродуктивни работи.

Со вака неспремен енергетски сектор катастрофата која што може да ни се случи може да биде уште поголема. Затоа СДСМ не е решение, бидејќи тие се проблемот и треба да си заминат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС