Државната ревизија со забелешки за исплаќањето хонорари и евидентирањето на приходите во НОБ

Од:

Исплати на средства за авторски хонорари кои не се во согласност со намената утврдена во договорите за донација, исплати на средства кои не се правно поткрепени и по фактури без приложена поткрепувачка документација, отсуство на годишни и месечни планови за работното време, неусвоен акт за реаудиција на веќе вработените, неусогласености меѓу извештаите за остварени приходи од одржаните претстави, годишниот фискален извештај и уплатените средства во благајна, отсуство на интерни акти и процедури за остварување и евидентирање на приходите, како и за условите и критериумите за доделување гратис билети, се само дел од слабостите што ги утврди државната ревизија во Националната опера и балет (НОБ).

Според ревизорските извештаи објавени денеска, средствата од продадените билети не се предаваат секој ден во благајна, а надоместокот за изнајмување сценски простор не е конкретно прецизиран со што е овозможено субјективно формирање на цените при закупот.

Констатирано е и дека НОБ издавала простор по цени пониски од минималниот предвиден праг, како и дека изнајмувала рекламен простор без претходно донесен акт од органот на управување за утврдување на висината на овој вид закуп.

Ревизорските извештаи укажуваат и на слабости при спроведување на пописот на материјалните средства, ситниот инвентар и залихите, како и на тоа дека не е извршен попис на дел од средствата.

Слабости има и кај дел од спроведените постапки за јавни набавки.

-Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година, стои во извештајот.

Во однос на исплатата на авторските хонорари, директорот на НОБ испратил забелешки, но Државниот завод за ревизија не ги прифатил со образложение дека „не се добиени дополнителни докази кои би имале влијание на промена на утврдената состојба во извештајот“.

Би можело да ве интересира

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Катерина Ѓуровски

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Министерството за култура исплатило 318 милиони денари за проекти, без јасно дефинирани критериуми

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет