Соопштени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Од:

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието ѝ се доделува на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Универзитетската професорка Рабије Мурати и режисерот Антонио Митриќески – добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2023

Оналјн Свечена академија во Охрид по повод патрониот празник „Свети Климент Охридски“

Катерина Ѓуровски

Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник

Катерина Ѓуровски

Познати добитниците на државната награда Св. Климент Охридски

Наум Локоски