Спасовски: Потпишан е договорот и ќе се започне со полагање на испитите во Државниот испитен центар

Од:

Потпишан е договорот, завршени се сите постапки и ќе се започне со полагање на испитите во Државниот испитен центар, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Тоа е надлежност на Владата и ја спроведува Генералниот секретаријат на Владата и таму сигурно постојат одредени постапки, кои што треба да се спроведат и да бидат завршени. Според тоа што јас го имам како информација веќе е потпишан договорот, завршени се сите постапки и ќе се започне со полагање на испитите, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за неспроведувањето на навремена тендерска постапка за фирмата која требала да се грижи за полагањето на испити.

Спасовски, посочи дека иако повеќе институции зависат од полагањето испити за издавањето лиценци, сепак за тоа треба да биде избран изведувач, а надвор од сите законски рамки тоа не може да биде направено.

За тоа дека МВР, како институција зависи од овој софтвер и зошто тој софтвер не бил набавен кога почнала официјалната истрага против Драги Рашковски, Спасовски рече дека не знае точно колку време се водела таа постапка, бидејќи како што рече, не ја води МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата.

– Точно е дека и нас не тангира како Министерство при издавање на одредени дозволи и лиценци, да може да полагаат стручен испит оние кандидати за кои што треба да се издаде таа лиценца. Реков дека тоа е сигурно проблем, не само за нашата институција, туку за сите институции, меѓутоа добро е што е надминат, изјави Спасовски.

Прашан, колку пари од Буџетот се одвоени за овој софтвер, Спасовски рече дека, софтверот е во одделот на Генералниот секретаријата на Владата, кој и ја врши набавката, а не Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра