Ѓоковиќ го нема на промотивниот спот на Австралија Опен

Од:

Настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен-слем турнир Австралија Опен сè уште е неизвесен.

Ѓоковиќ речиси деценија ипол е владетел на грен – слем турнирот во Мелбурн, на кој за прв пат триумфираше во 2008 година, а вкупно го има освоено девет пати.

Организаторите на турнирот, закажан од 17 до 30 јануари, снимија два промотивни видеоматеријали, и иако Ѓоковиќ поради сите успеси во Мелбурн би требало да биде „главниот актер“, српскиот тенисер воопшто не се појавува во ниту еден од двата промотивни материјали.

Сите тенисери, кои ќе настапат во Мелбурн, мораат да бидат вакцинирани против коронавирус, а Ѓоковиќ за цело време на пандемијата беше еден од најжестоките критичари за вакцинирање на тенисерите.

Неодамна на новинарско прашање дали ќе учествува на првиот календарски грен-слем турнир во 2022 година, Ѓоковиќ кратко одговори: „Ќе видиме“.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога