Златна галичка свадба

Од:

Галичник, денеска ќе заживее. Ќе се одржи 50-та Галичка свадба.

27-годишната Даница Тортеска и 29-годишниот Трајче Лозаноски, ќе ја крунисаат својата љубов според традиционалните обичаи за печалбарски Галичник.

Даница е дипломиран филолог и работи како преведувач, а Трајче има дипломирано на Машинскиот факултет.

Според вековните традиции, прво се канат мртвите, се бричи младожањата, се оди по невестата на коњи, а таа го чека и го гледа низ прстен.

Невестата ќе биде облечена во 25 килограми тешка галичка носија.

Младоженците ќе се венчаат во црквата „Св. Петар и Павле“.

„Тешкото“ и „Невестинско“, ќе ги изведе КУД „Кочо Рацин“.

Свадбите во мијачијата секогаш се правеле околу Петровден, кога гурбетџиите доаѓале од странство.

Би можело да ве интересира

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Почнува „Галичка свадба 2017“

Наум Локоски

Викендов 43. Галичка свадба

Емир Латифовиќ

Втор ден од 42. Галичка свадба

Емир Латифовиќ

Две двојки се венчаа на Галичката свадба

Емир Латифовиќ