Откриени сторителите кои вршеле кражби во Клинички центар Скопје

Од:

Канцеларијата за криминалистички работи од Полициската станица – Аеродром, поради сомнение за сторено кривично дело ги приведе лицата А.С. (36), З.П.(47) и Д.С.(43) тројцата од Скопје осомничени за „кражба“ во Клиничкиот центар во Скопје.

Лицата се затечени во близина на Клиничкиот центар во Скопје каде што примаат метадонска терапија и при извршениот преглед од страна на полициските службеници  пронајдени се клучеви од патничко моторно возило, плочка од авторадио со ЦД во футрола, очила за сонце и лични документи на име од друго лице.

По извршениот разговор со нив утврдено е дека З.П. и Д.С. искористиле згодна прилика при што од стол во библиотеката на Клиничкиот центар додека Д.С. му го одвлекувал вниманието на докторот кој бил во просторијата, З.П. украл една женска  чанта оставена на едно столче по што заедно ја напуштиле просторијата и незабележани од никого излегле од објектот да го чекаат А.С.

Во меѓувреме, З.П. од украдената чанта задржал само клучеви од патничкото моторно возило со кои пробал да го најде возилото, но не успеал во тоа, по што му ја дал чантата на А.С., кој под изговор дека случајно ја пронашол, ја оставил на портирницата од Клиничкиот центар.

Пријавените по настанот продолжиле да се движат по паркингот на Клиничкиот центар при што во еден момент лицето А.С. се одделил од групата и од патничкото моторно возило „Форд Мондео“, користејќи згодна прилика, преку отворениот прозорец ги одземал предметите пронајдени при прегледот и се обидел со украдените банкарски картички од банкомат да извади пари, но не успеал во својата намера.

Лицата од извршените кривични дела се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Од страна на ККР Аеродром, пронајдените предмети со потврда за вратени предмети се вратени на сопствениците. Се преземаат мерки за докажување на инволвираност на лицата за сторени и други кривични дела.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград