СИПА ја заплени документацијата во истрагата против Будимир

Од:

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) на БиХ завршија со конфискувањето на документацијата во зградата на босанското Претседателството во Сараево, во врска со делото против претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир, соопшти денеска портпаролот на СИПА Кристина Јозиќ.

Таа потсети дека припадниците на СИПА вчера биле ангажирани на одземање одредена документација во зградата на Претседателството на БиХ во рамки на операцијата „Патриот“ по наредба на Судот и Обвинителството.

Потпретседателот на Федерацијата БиХ, Светозар Пудариќ претходно истакна дека припадници на СИПА ги претресуваат кабинетите на претседателот и на двајцата потпретседатели, како и канцеларијата на сметководството.

Акцијата „Патриот“ започна на 26 април заедно со операциите „Правда“ и „Мемори“. Во рамки на овие три поврзани акции на СИПА уапсени се повеќе лица, меѓу кои и Будимир, кој е осомничен за злоупотреба на функцијата и овластувањата, како и прекршување на Законот за помилување. Сепак, Будимир е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски