Економијата на Јапонија се намали со побрзо темпо од предвиденото во третиот квартал, откако нарушениот синџир на снабдување и зголемениот број новозаразени со Ковид-19 влијаеше на деловните и потрошувачките трошоци. Тие податоци ги засилуваат предизвиците со кои се соочуваат новите владини планови за раст.
И додека многу аналитичари очекуваат дека третата по големина светска економија ќе закрепне во тековниот квартал, влошените глобални производствени проблеми претставуваат растечки ризици за иднината.
– Падот се покажа многу поголем од очекуваното поради ограничувањата на синџирот на снабдување, што сериозно влијаеше на производството и капиталните трошоци, рече Такеши Минами, главен економист во Истражувачкиот институт Норинчукин.
Тој очекува економијата да закрепне овој квартал. – Но, темпото на закрепнување ќе биде побавно бидејќи потрошувачката не започнува добро, дури и по олеснувањето на ограничувањата за Ковид-19 кон крајот на септември, додаде Минами.
Економијата се намали за 3 отсто на годишна основа во кварталот од јули до септември, покажуваат прелиминарните податоци за бруто домашниот производ (БДП), објавени денеска. Просечната прогноза на пазарот беше за пад од 0,8 отсто.