Во Инстиутот за духовно и културно наследство на Албанците од денеска започнуваат активностите за одбележување на „Денови на албанската азбука“

Од:

Во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) од денеска до 22 ноември започнуваат активностите за одбележување на Деновите на албанската азбука. Културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ се организира во соработка помеѓу Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците и ИДКНА.

– На денешен ден пред 109 години се започнати активностите на Конгресот за нашата азбука во Битола и од таа причина денеска го отвораме третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Директорот на ИДКНА, Скендер Хасани посочи дека манифестацијата секоја година се одбележува со посебна тема, а оваа година темата е за Арбрешите кои се преселиле во Италија во 15-тиот век, во времето на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, чиј дух ги водел Албанците кон Европа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат