Македонската машка шаховска репрезентација загуби од Хрватска со 3-1 во воведното коло на 23. Европското екипно првенство, кое вчера започна во словенечкото одморалиште Терме Чатеж.
Единствената победа за македонскиот состав ја донесе Николовски на третата табла над Босиочиќ, додека Панчевски, Лазов и Ристески загубија на отворањето на Европското првенство.
Македонските шахистки својот премиерен настап ќе го имаат попладнево против Италија, откако во првото коло беа слободни.
На Европското првенство, чиј домаќин е Словенија, во машка конкуренција се пријавени 39 репрезентации, со 192 шахисти, додека кај жените 31 селекција, со 154 шахистки Македонските шахисти пред Европското првенство се рангирани на 33 место, а шахистките две места погоре.