Црна Гора донесе нови антиковид мерки, забрани и прослава на Нова година на отворено

Од:

Владата на Црна Гора донесе нови мерки во борбата против епидемијата на коронавирус, кои ќе бидат на сила од 15 ноември до 1 декември. Забрането е организирање новогодишни прослави на отворено, концерти и масовни собири.

Исто така се забранува организирање свадби, и на отворено и на затворено, како и работа на ноќни клубови. Работното време на угостителските објекти е ограничено до полноќ. Забрането е организирање ученички екскурзии и патувања, приватни прослави и родендени.

Престој во куќи и станови се препорачува само за членовите од исто домаќинство.

Националниот дигитален Ковид сертификат одамна е услов за преминување на државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на приредби, спортски натпревари…

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на прес-конференција рече дека Владата се уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полиција, војска.

Исто така, од 1 декември, доколку се донесат овие мерки, сертификатот ќе биде неопходен за влез во јавниот превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и деловни објекти во кои дејноста ја вршат повеќе од три фирми, односно претприемачи и објекти над илјада метри квадратни во кои се врши малопродажба на непрехранбени производи.

„Сите кои починаа во Црна Гора од 1 мај до денеска, а беа под 40 години, беа невакцинирани. Ги замолувам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат за да се заштитат од тешки форми на болеста и смртни случаи и ги повикувам сите надлежни служби за контрола на мерките да бидат истрајни во заедничката задача – сузбивање на епидемијата“, рече министерката за здравство.

Би можело да ве интересира

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора

Во Црна Гора потврдена „стелт“ варијантата омикрон

Катерина Ѓуровски

Ѓукановиќ е позитивен на коронавирус

Катерина Ѓуровски

Бројот на починати од коронавирус во Црна Гора надмина 2.000

Црна Гора воведува привремена забрана за работа на дискотеките и клубовите

Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора