Путин: За време на маневрите руската армија покажа висок степен на борбена готовност

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската армија покажала висок степен на борбена готовност за време на најголемите воени вежби во последните 20 години.

Во маневрите во Сибир и на Далечниот Исток, кои започнаа во петокот и ќе траат до крајот на неделава, учествуваат 160.000 војници и 5.000 тенкови и други борбени возила.

Овие воени вежби треба да ја покажат подготвеноста на руската армија која е повторно во забрзан развој.

Путин, кој денеска ги набљудуваше вежбите во близина на градот Чита во јужниот дел на Сибир, истакна дека трупите успешно ги извршиле воените задачи, додавајќи дека „денес можеме да се гордееме со нашата армија“.

Руските власти соопштија дека овие вежби се дел од редовната борбена обука и не се директно насочени против било која земја.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија