Португалскиот футсалец Рикардо Филипе Да Силва Брага, попознат како Рикардињо, објави крај на својата кариера во националниот тим.
– Денеска објавувам крај на репрезентативната кариера. Ова беше неверојатно и незаборавно патување. Ја донесов најтешката одлука во мојата кариера, изјави Рикардињо, кој шестпати беше прогласуван за најдобар светски футсалец.
За репрезентацијата одигра 187 натпревари на кои постигна 141 голови, а Португалија, предводена од 34-годишниот Рикардињо, претходно оваа година за прв пат во својата историја ја освои титулата светски првак.
Рикардињо минатата година потпиша тригодишен договор со францускиот првак АЦС.