Еврокомисија предлага европски јавен обвинител за борбата против даночни измами

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за правда Вивиен Рединг денеска во Брисел го презентираа предлогот за воведување на функцијата европски јавен обвинител и за зајакнување на Европското биро за борба против измами (ОЛАФ), со цел да се засили борбате против даночните измами.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, цел на овој предлог на Еврокомисијата е подобрување на системот на гонење на криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во Европската унија, преку воспоставување на канцеларија на европски јавен обвинител.

– Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на Комисијата и заложбата за почитување на владеењето на правото, со решително зајакнување на заштитата на парите на даночните обврзници и ефективно справување со измамите кои ќе ги вклучуваат фондовите на Европската унија. Со овој предлог, Еврокомисијата ги исполнува своите ветувања за нулта толеранција кон измамите во однос на буџетот на Унијата, потенцира Баросо.

Според Рединг, пак, ако Еврокомисијата сама не го заштити федералниот буџет, тоа нема да го направи никој друг за Унијата, па затоа го повика Европскиот парламент и земјите-членки на Унијата да застанат зад овој проект, со цел јавниот обвинител на ЕУ да почне да функционира од 1 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ