Четири бебиња настрадаа во пожар во болница во индискиот град Бопал

Од:

Четири од 40 бебиња сместени во државната болница во Бопал, во централна Индија, починале откако пожар го зафатил Одделот за неонатологија, соопштија владини претставници.

Британските медиуми пренесуваат дека е ова последен во серијата пожари во индиските болници, од кои само годинава загинаа десетици пациенти.

-Другите бебиња во болницата „Камла Нехру“ во државата Маџа Прадеш, од кои многумина се неухранети, се префрлени на други одделенија, потврди министерот за здравство Вишвас Каилаш Саранг, непосредно откако пожарот беше ставен под контрола.

Во пожарите во болници низ Индија годинава загинаа најмалку 70 лица, вклучувајќи и последните 10 кои загинаа минатиот викенд во Махараштра, држава која се граничи со Маџа Прадеш.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени